Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
23.12.2014
До 31 јануари – Сите обврзници да воведат фискална каса со ГПРС уред

Обврска да воведат фискален систем на опрема со вграден ГПРС уред, најдоцна до 31 јануари 2015 година, имаат сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кој плаќањето се врши во готово.

Постапката за регистрација на новите ГПРС фискални апарати трае релативно кратко од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде обврзникот ја набавил касата.

И покрај брзата постапка, а со цел избегнување на метежи, апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот – 31 Јануари, односно секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некои од овластените производители тоа да го стори веднаш, бидејќи во наредниот период се очекува голем број на фирми да извршат набавка на нови фискални каси, а дополнително претстојат и новогодишните и божиќните празници.

Според последните податоци на УЈП, постапката за регистрација е заокружена за 26.258 фискални каси со ГПРС уред кај 12.591 даночен обврзник.

Обезбедете ГПРС фискален апарат од овластен производител

Право на продажба имаат само овластени производители на одобрен фискален систем на опрема со ГПРС уред, согласно даночната регулатива.

Фискалните апарати со ГПРС уред треба да се обезбедат од некои од овластените производители и нивните продажни центри низ земјата: 1) Акцент компјутери; 2) Давид компјутери; 3) Дуна компјутери; и 4) Макпетрол АД.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија