Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
12.01.2015
Насоки за пополнување на Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”) за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години

Исплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г  - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

При внесот на “Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во:

  • колона 3 се внесува податок за износ на бруто приходи;
  • колона 4 се внесува износ на одбитоци (износ на пресметани придонеси),
  • колона 5 се внесува износот на даночното олеснување;
  • колона 6 се внесува износ 0 (нула) во случај на ослободување од персонален данок на доход по член 98 од Законот, односно износ на платен персонален данок во случај да не е користено право од член 98 од Законот; и
  • колона 7 се внесува износот на исплатениот нето приход.

Начинот на пополнување во “Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај “ПДД-ГИ“ за видот на исплата 3.1-г се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник.

Исплатувачите кои веќе имаат поднесено Годишен извештај “ПДД-ГИ“ до УЈП, а исплатите по овој основ ги внеле на друг реден број (на пример, реден број 3.1) потребно е да поднесат “Исправка на ПДД-ГИ“.

Во збирната пресметка за исплатените приходи која исплатувачите се должни да му ја издаваат на граѓанинот треба да ги содржи истите податоци, како и искажаните во Годишниот извештај.

Исплатувачите кои го изгубиле правото на ослободување по член 98-б од Законот и извршиле плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, потребно е податоците за овие исплати да ги искажат на реден број 3.1 - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија