Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.01.2015
ВО БИТОЛА ОШТЕТУВААТ ВОЗИЛА НА УЈП, НО И НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

12 тима на даночни инспектори, во текот на вчерашниот ден извршија акциска контрола во над 50 објекти на подрачјето на Битола и Прилеп.

При контролите во Битола откриено е едно лице кое нерегистрирано врши дејност – трговија на мало со прехрамбени производи, а за два објекти изречена е мерка затворање од 30 дена поради непоседување на фискален апарат, и тоа: ДРАГОНАЈ (сервис за компјутери) и МЕБЕЛ Т СТИЛ ДООЕЛ.
По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки констатирани во 10 објекти, кои ќе бидат затворени 15 дена, и тоа: ЉУПЧО 5 ДООЕЛ БИТОЛА (санитарија), АНГРОМАРКЕТИНГ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ЕМПЛАСТ ДООЕЛ (стовариште), САВОЗ КОМПАНИ ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВАГО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), ВИН МАР 14 (трговија со врати ПВЦ дограма), ВАМ КО ДООЕЛ (трговија со прехранбени продукти), СПЕРА ЕТ АМАРЕ ДООЕЛ (сендвичара).

Во вечерните часови, даночните контроли се проширија на подрачјето на Прилеп. Во сите контролирани објекти во кои се вршело трговија со прехранбени производи, УЈП има утврдено неиздавање на фискални сметки, поради што покрај паричната глоба, во период од 15 дена ќе бидат затворени деловните простории на: БОС ТОРО ДООЕЛ, И.М.КОМЕРЦ ДООЕЛ, АН ПЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЕСКЕЈП ДООЕЛ, РАДИЧОСКИ КОМПАНИ ДООЕЛ, НОВА ПРОМЕТ ДООЕЛ, МАРВАЛ ПРОМЕТ ДООЕЛ, ЏУЛИЈАНО ПРОМЕТ ДООЕЛ, како и СПЛЕНДИДО ВМ ДООЕЛ (сендвичара), ЧАПКУН КОМЕРЦ ДООЕЛ (бела техника), ДРАГА ДООЕЛ (цвеќара) и ДАБОЛ ИН (колонијал).

На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ од 69.000 евра во денарска противвредност, а во зависност од прекршокот објектите се затворени на 15 или 30 дена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија