Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.02.2015
Пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори согласно со измените на Законот за придонеси

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, се утврдуваат категориите на обврзниците кои од 1 јануари 2015 година имаат обврска за плаќање на Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ППИО) и Придонес за здравствено осигурување (ПЗО) за приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. За секоја категорија на обврзници се регулира настанувањето на обврската за плаќање на придонеси, основицата за пресметка на придонесите и кој е обврзник за поднесување на пресметката и за уплата на придонесите.

Обврската за плаќање на ППИО и ПЗО се однесува за примените (исплатените) надоместоци по договори почнувајќи од 1 јануари 2015 година, без оглед на тоа кога е склучен договорот и/или кога е извршена физичката и/или интелектуална работа врз основа на договор. Ова значи дека, за договор склучен пред примената на законот, по кој има исполнување (извршување на работа) после 1 јануари 2015 година, обврска за плаќање на придонеси има за исплати на надоместоци за извршена работа и за авансни исплати на надоместоци за периоди после 1 јануари 2015 година.

Пример: По договор склучен во 2014 година, во месец февруари 2015 година се врши исплата на разлика (доплата) на надоместок за работата завршена во 2014 година и истовремено се врши авансно плаќање за работата што треба да се изврши во првото тримесечје од 2015 година. По ваквата исплата на надоместок, во м.март 2015 година под условите од законот настанува обврска за плаќање на ППИО и ПЗО за делот што претставува авансна исплата за 2015 година.


Обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите


Пример 1:
За лице во работен однос кое во текот на месецот примило надоместоци по договор и од својот работодавач (или нему поврзано правно лице) и од други исплатувачи:
- работодавачот (или нему поврзаното правно лице) поднесува МПИН пресметка и врши уплата на ППИО и ПЗО за надоместоците исплатени од негова страна;
- лицето доставува до ФПИОМ пријава на секој друг надоместок примен од друг исплатувач (домашно или странско правно или физичко лице). ФПИОМ утврдува дали за месецот лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, во зависност од вкупниот износ на другите надоместоци исплатени на лицето, споредбено со објавената просечна нето плата. Доколку лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, ФПИОМ изготвува и поднесува МПИН пресметка на придонесите, а лицето врши уплата на придонесите.

Пример 2:
Лице кое остварува приходи од самовработување или пензија, доставува до ФПИОМ пријава на секој надоместок примен од домашно или странско правно или физичко лице. ФПИОМ утврдува дали за месецот лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, во зависност од вкупниот износ на надоместоци исплатени на лицето, споредбено со објавената просечна нето плата. Доколку лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, ФПИОМ изготвува и поднесува МПИН пресметка на придонесите, а лицето врши уплата на придонесите.

Пример 3:
Лице кое не остварува приходи од работен однос, самовработување или пензија, доставува до ФПИОМ пријава на секој надоместок примен од домашно или странско правно или физичко лице. ФПИОМ утврдува дали за месецот лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, во зависност од вкупниот износ на надоместоци исплатени на лицето, споредбено со минималната плата утврдена со закон. Доколку лицето има обврска за плаќање на ППИО и ПЗО, ФПИОМ изготвува и поднесува МПИН пресметка на придонесите, а лицето врши уплата на придонесите.


Основица и стапки за пресметка на придонесите


Важни напомени за правните лица – исплатувачи на надоместоци по договори

Утврдување на основицата за плаќање на ППИО и ПЗО од страна на правното лице-исплатувач за обврзниците за плаќање од точката 1 се врши така што:
- на исплатениот нето надоместок, намален за процентот на признати трошоци доколку се работи за авторски договор, се пресметува ПДД,
- од збирот на исплатениот надоместок и пресметаниот ПДД се утврдува бруто основица за пресметување на придонеси пред намалување со процент на признати трошоци,
- бруто основицата за пресметување на придонеси се намалува за соодветниот процент на признати трошоци, ако се работи за исплата по авторски договор.
Така добиениот износ се внесува во полето 3.14 во клиентскиот софтвер (образец МПИН). Во клиентскиот софтвер автоматски се врши пресметување на придонесите со примена на пропишаните стапки.

Напомена: Како помошна алатка може да го користите Калкулаторот за утврдување на основицата за пресметување и плаќање на придонеси за договор за дело, авторски договор или друг договор (кликни тука).

Со измените на законот не се утврдени најниска и највисока основица за пресметување и плаќање на придонеси за договори.

Правното лице-исплатувач на надоместок по договор е обврзник за пресметка и уплата на персонален данок на доход по одбивка за секој исплатен надоместок во секој случај, и кога е обврзник за пресметување и уплата на придонесите за лицето кое го примило надоместокот (точка 1) и кога не е обврзник за пресметување и уплата на придонесите за лицето кое го примило надоместокот (точка 2 и 3). Пресметувањето и плаќањето на ПДД се врши на целосно ист начин како до сега, а обврската за плаќање е со исплатата на надоместокот.

Рокови за поднесување на МПИН пресметки и за плаќање на придонесите

Пресметката на придонесите се врши месечно, со користење на т.н. клиентски софтвер (МПИН образец) и се доставува до Управата за јавни приходи, најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец, по електронски пат.
Плаќањето на месечната пресметка се врши до 15-ти во месецот за претходниот месец.

Напомена: За надоместоците по договори исплатени во месец јануари 2015 година, рокот за поднесување на МПИН пресметка е до 20-ти февруари 2015 година, а рокот за плаќање на придонесите е до 25-ти февруари 2015 година.


Поднесување на МПИН пресметка од страна на правно лице - исплатувач

Правното лице – исплатувач преку МПИН образецот врши пресметка и уплата на ППИО и ПЗО за исплатените надоместоци по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, со поднесување на пресметка со вид на обврска 201 и вид на обврзник 210, во која треба да ги вклучи СИТЕ ЛИЦА за кои исплатил надоместок во месецот.

Потребно е да ги пополните следните полиња од клиентскиот софтвер (образец МПИН):

 

Поднесување на исправка на МПИН пресметка од страна на правно лице - исплатувач

Правното лице – исплатувач има можност за исправка на податоците за пресметаните и платени придонеси за ППИО и ПЗО за исплатените надоместоци по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор. Исправката на податоците од поднесената и платена МПИН пресметка се врши со поднесување на МПИН пресметка со вид на обврска 213 и вид на обврзник 210 само за лицето/лицата за кои се корегираат податоците. При поднесување на исправка на пресметка, бруто основицата и пресметаните придонеси се внесуваат во вкупен износ, вклучувајќи ги претходно поднесените и платени износи.

Потребно е да ги пополните следните полиња од клиентскиот софтвер (образец МПИН):


Порамнување

За придонесите по основ на приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор со кој е определен надоместок за извршената работа, кои се платени пред влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр.20 од 12.02.2015 година), ќе се изврши порамнување.

За правните лица кои имаат поднесено МПИН-пресметка и имаат извршено уплата на пресметаните ППИО и ПЗО за месец јануари 2015 година по основ на приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договори пред влегување во сила на наведниот закон, Управата за јавни приходи по службена должност ќе донесе решение за враќање и ќе изврши враќање на платените придонеси со обезбедување на средства од ФПИОМ и ФЗОМ. Правното лице треба да поднесе МПИН-пресметка и да изврши плаќање на ППИО и ПЗО за месец јануари 2015 година, само за лицата кои се во работен однос кај него или кај нему поврзани правни лица, на кои им извршило исплата на надоместоци по договор во текот на месец јануари 2015 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија