Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.02.2015
ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА БРУТО ПЛАТА И ДРУГИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Од месец јануари 2015 година се укинува највисоката месечна основица за пресметка на придонесите

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 12.02.2015 година, предвидено е дека при пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување започнувајќи од месец јануари 2015 година не се применува лимитот од шест просечни плати како највисока основица за пресметка на придонесите, односно придонесите се пресметуваат на целиот износ на бруто основицата.
За МПИН пресметките кои се однесуваат на периоди заклучно со декември 2014 година (задоцнето поднесени пресметки, исправки на пресметки, исплата по основ на деловна успешност и слично), придонесите од задолжително социјално осигурување се пресметуваат со применување на највисоката основица за пресметка на придонеси согласно законот.
При поднесување на МПИН пресметките за тековни и за минати периоди секогаш користете ја последната верзија на клиентскиот софтвер.

Се менува рокот за поднесување на МПИН пресметка и рокот за плаќање на придонесите за месец јануари 2015 година

Со измените на Законот предвиден е нов рок за доставување на МПИН пресметките и за плаќање на придонесите, само за месец јануари 2015 година. Имено, истите треба да се достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 20-ти февруари 2015 година, а рокот на пристигнатост за плаќање на придонесите за месец јануари 2015 година е 25-ти февруари 2015 година.
Доколку имате поднесена и прифатена конечна МПИН пресметка за месец јануари 2015 година изготвена на начин што беше пропишан пред измената на Законот, односно пред укинувањето на највисоката основица за плаќање на придонеси, а воедно во истата за сите обврзници за плаќање имате пресметано придонеси на основица пониска од шест просечни плати, поднесената пресметка е валидна и нема потреба да поднесете нова пресметка со користење на новата верзија на клиентскиот софтвер.

Обврска за поднесување на МПИН пресметка за месец јануари 2015 година со користење на новата верзија на клиентскиот софтвер имате доколку имате поднесена конечна МПИН пресметка за месец јануари 2015 година изготвена на начин што беше пропишан пред измената на
Законот во однос на укинувањето на највисоката основица за придонеси, во која за одредени обврзници за плаќање имате пресметано придонеси до највисоката основица за пресметка од шест просечни плати, при што:
- доколку поднесената конечна МПИН пресметка не е платена, потребно е да поднесете нова конечна пресметка со што претходно поднесената ќе биде заменета или
- доколку поднесената конечна МПИН пресметка е платена, потребно е да поднесете исправка на пресметка (103) само за лицата за кои се платени придонесите пресметани на основица за пресметка од шест просечни плати.

Се менува обврската, содржината и рокот за поднесување на Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори или други договори со кои е утврден надоместок за извршената работа

Со измените на Законот, обврската за доставување на „Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утврден надоместок за извршената работа“ (образец “МИ-Д/ИН“) до Управата за јавни приходи се однесува за секое правно лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, без оглед на тоа дали правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за исплатените надоместоци по основ на договори. Месечниот извештај се однесува за износот на исплатените надоместоци во претходниот месец, износот на платениот ПДД по одбивка, како и износот на платените ППИО и ПЗО кои се пополнуваат доколку правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите.
Месечниот извештај “МИ-Д/ИН“ задолжително се поднесува по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 20-ти во тековниот за претходниот месец.

Напомена: Бидејќи рокот за плаќање на придонесите за надоместоци по основ на договори за месец јануари 2015 година е различен од стандардниот рок, Управата за јавни приходи ќе ги прифати како навремени месечните извештаи за месец јануари 2015 година кои ќе бидат поднесени до истекот на рокот за плаќање на придонесите за месец јануари 2015 година.

Странско физичко лице – обврзник за плаќање на придонесите

Странско физичко лице кое остварува надоместок по основ на договор за дело, договор за авторско дело или друг договор склучен со македонски резидент - правно или физичко лице, при исполнување на другите услови од законот, е обврзник за плаќање на придонеси ако:
• има работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец,
• државјанин е на држава со која Република Македонија НЕМА склучено Договор за социјално осигурување.

Странско физичко лице кое остварува надоместок по основ на договор за дело, договор за авторско дело или друг договор склучен со македонски резидент - правно или физичко лице не е обврзник за плаќање на придонеси ако:
• има работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец и
• државјанин е на држава со која Република Македонија ИМА склучено Договор за социјално осигурување, доколку со истиот одобрен е  исклучок од правилото за плаќање на придонес во Република Македонија или
• нема работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец во РМ.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија