Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
24.02.2015
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ "ДБ" И "ДБ-ВП" ЗА 2014

ДАНОЧЕН БИЛАНС ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДОБИВКА (ОБРАЗЕЦ "ДБ")

Oбврска за поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") до УЈП има:

• правно лице - резидент на РМ кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата или странство, освен правно лице кое влегува во поедноставниот даночен режим и
• постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM.

Начин на пополнување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") и прилозите кон истиот
Доколку финансискиот резултат искажан во Билансот на успех зголемен за непризнаените расходи претставува негативна даночна основа (намалена загуба), во АОП 28 пред износот задолжително се внесува "-" и не се пополнуваат следните полиња до АОП 41 - Пресметан данок по намалување, а во АОП 41 се впишува износ нула. Доколку финансискиот резултат зголемен за непризнаените расходи претставува позитивна даночна основа (зголемена добивка) задолжително се внесува "+" пред износот во АОП 28.
Во случај кога намалувањата на даночната основа (АОП 29) се поголеми од даночната основа (АОП 28), во АОП 35 – Даночна основа по намалување се впишува износ нула и не се пополнуваат следните полиња до АОП 41. Во АОП 41 се впишува износ нула.

Напомена: Во Даночниот биланс за оданочување на добивка за 2014 година не се внесуваат износи на АОП 31 – Износ на вратен дел од заем за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа и на АОП 33 – Дел од загуба намалена за непризнаени расходи, пренесена од претходни години.

Во случај намалувањата на пресметаниот данок (АОП 37) да се поголеми од пресметаниот данок (АОП 36), во АОП 41 од "ДБ" се впишува износ нула.

Податоците за дивиденди остварени со учество во капиталот на друг даночен обврзник од Изјавата за платен данок на добивка (образец "И-ПД") се внесуваат во табелата прилог кон "ДБ". Доколку имате повеќе обрасци "И-ПД" (од повеќе исплатувачи на дивиденда), во табелата се внесува посебен ред за секој образец "И-ПД". Покрај внесот на податоците во табелата, задолжително се прикачува и образецот/обрасците "И-ПД"од исплатувачот на дивиденда.
Даночните обврзници кои оствариле приходи од странство на кои е платен данок во странство (withhoulding tax), податоците од доказот за платениот данок од надлежниот даночен орган на странската држава ги внесуваат во табелата прилог кон "ДБ". Доколку имате повеќе докази за платен данок во странство, во табелата се внесува посебен ред за секој доказ.

Напомена: Во АОП 39 од "ДБ" се внесува целиот износ на платен задржан данок до пропишана даночна стапка од 10% за кој имате право на намалување на пресметаниот данок на добивка во даночниот биланс, зголемен и за пренесеното неискористено право искажано во АОП 39 во даночниот биланс за 2013 година. Со ова, во даночниот биланс за 2014 година ќе го искажете целиот износ за кој имате право на намалување, и делот што се користи за намалување на пресметаниот данок на добивка за 2014 година и евентуално делот што ќе се пренесе за користење во следните даночни периоди.

ПОЕДНОСТАВЕН ДАНОЧЕН РЕЖИМ ЗА МАЛИ И МИКРО ТРГОВЦИ
Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2014 година од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари и сте се определиле или сакате да се определите за пресметување и плаќање на "годишен данок на вкупен приход", имате обврска да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП") до УЈП.

ДАНОЧЕН КРЕДИТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЕДНОКРАТНО ОТПИШУВАЊЕ НА ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
Правното лице - доверител според Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните има право на даночен кредит кој се утврдува со акт на Министерот за финансии или од него овластено лице, односно право на намалување на утврдениот данок на добивка за делот од износот на своите побарувања што ќе ги отпише согласно со наведениот закон. Правото на даночен кредит може да му биде пренесено на и да го користи друго правно лице, кое како основач има целосна организациска и капитална поврзаност со правното лице – доверител.
Утврдениот даночен кредит согласно овој закон не се искажува во Даночниот биланс, односно правното лице кое има право на даночен кредит, во даночниот биланс го пресметува данокот на добивка и износот за доплата / повеќе платен износ и, доколку има износ за доплата, при уплатата истиот го намалува за износот на даночен кредит утврден во актот на министерот за финансии. Управата за јавни приходи по службена должност ќе го евидентира износот на даночен кредит на правното лице, врз основа на актот со кој е утврден.

Напомена: Правното лице кое има право на даночен кредит според наведениот закон, обврската за плаќање (износ за доплата) по даночниот биланс за 2014 година може да ја намали за утврденото право на даночен кредит до 31 декември 2014 година. Доколку преостане износ од утврденото право на даночен кредит до 31 декември 2014 година, истиот понатаму ќе го користи за намалување на обврските за плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за 2015 година. Исто така, и утврденото право на даночен кредит по 31 декември 2015 година ќе го користи за намалување на обврските за плаќање на месечните аконтации на данок на добивка почнувајќи од следниот месец по утврдувањето на правото.

РОК И НАЧИНИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ
Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") и Даночниот биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП") се поднесуваат најдоцна до 28 февруари, односно рокот за поднесување е најдоцна до 15 март за даночните обврзници кои Годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат (доброволно или задолжително) во електронска форма. Месечните и тримесечните ДДВ обврзници, даночните биланси имаат обврска да ги достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk
Освен за даночните обврзници кои даночниот биланс ќе го достават по електронски пат, кои имаат можност доставувањето да го извршат и надвор од работно време и во неработен ден, за даночните обврзници кои немаат обврска за електронско поднесување и кои даночниот биланс за 2014 година ќе го достават до УЈП во хартиена форма, рокот за поднесување кој паѓа во неработен ден (недела) се поместува во првиот нареден работен ден.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија