Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.03.2015
ОБВРЗНИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИТЕ ДОГОВОРИ ИЛИ ДРУГИ ДОГОВОРИ СО КОЈ Е УТВРДЕН НАДОМЕСТОК ЗА ИЗВРШЕНАТА РАБОТА "МИ-Д/ИН"

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 12.02.2015 година, обврската за доставување на „Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утврден надоместок за извршената работа“ (образец “МИ-Д/ИН“) до Управата за јавни приходи се однесува за секое правно лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, без оглед на тоа дали правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за исплатените надоместоци по основ на договори. Месечниот извештај се поднесува за исплатените надоместоци во претходниот месец, платениот ПДД по одбивка, и за износот на платените ППИО и ПЗО кои се пополнуваат само доколку правното лице - исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите.

Согласно со Законот за персоналниот данок на доход, како исплатувач на лични примања, авторски и друг вид приходи исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво се смета авторската агенција односно посредничкото друштво, доколку авторските и друг вид приходи се исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво кое во тој случај е должно да ја пресмета аконтацијата на данокот по одбивка и да го уплати задржаниот (персонален) данок.

Врз основа на наведеното, обврзник за поднесување на Месечен извештај “МИ-Д/ИН“ до Управата за јавни приходи во определени случаи може да биде и авторска агенција или посредничко друштво, и тоа во случај кога обврзник за пресметка на придонесите е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а обврзник за уплата на придонесите е лицето кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа само за себе, доколку исплатата на надоместокот на лицето и уплатата на персоналниот данок е извршена од страна на авторската агенција, односно посредничкото друштво.

Значи, обврска за поднесување на Месечниот извештај (образец “МИ-Д/ИН“) има:

  • Правното лице – исплатувач кое е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа кое е во работен однос кај него или кај друго правно лице кое има сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот.

  • Правното лице – исплатувач на надоместокот за лице за кое обврзник за пресметка на придонесите е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а обврзник за уплата на придонесите е лицето само за себе, доколку исплатата на надоместокот на лицето и уплатата на персоналниот данок по одбивка ја извршило правното лице – исплатувач на надоместокот.

  • Авторска агенција или посредничко друштво кое се јавува како исплатувач на лични примања во смисла на член 95 став (1) од Законот за персоналниот данок, за лице за кое обврзник за пресметка на придонесите е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а обврзник за уплата е лицето само за себе, без оглед на статусот на лицето (домашно или странско физичко или правно лице) во чија корист е извршена физичката и/или интелектуална работа.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија