Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
20.07.2015
Даночните постапки траат онолку колку што е потребно за објективно и точно да се утврди данокот

Во врска со денешните изјави на Петре Шилегов, и наводите за „обид за таканаречена институционален притисок врз врвните луѓе од опозицијата“ во кои меѓуостанатото се споменува дека „УЈП врши контрола веќе 4 месеци...и не може да утврдат состојба“ изразуваме жалење поради непознавање на даночната проблематика, но и препознаваме обид за втурнување на даночната администрација и стручните служби во политичките играрии и борби.

Јавноста треба да има јасна слика и да има точни информации дека УЈП го испитува имотот на функционерите согласно Законот за спречување на корупција по претходно барање од Државната комисија за спречување на корупција, и овие постапки немаат допирна точка со редовните инспекциски контроли на УЈП кој се спроведуваат кај фирмите за ДДВ, Персонален данок, Данок на добивка, Придонеси...
Законот не предвидува временска рамка за траењето на даночните постапки, но во интерес на УЈП и даночните обврзници е истите да завршат во разумен рок. Испитувањето на потеклото на имот на функционерите или инспекцискиот надзор во фирмите трае онолку колку што им е потребно време на даночните служби да ги заокружат сите постапки кои ги налага Законот, а обезбедување на податоци од трети страни или пак соработката или неприложување на докази од страна на даночниот обврзник може да ја одолговлекува постапката.
Доколку било кој функционер го стекнал својот имот од оданочени приходи или неговата фирма навремено пријавува и плаќа даноци, ирелеватно е времетраењето на постапката, важно е постапката да биде објактивна и транспаретна со цел правилно и точно утврдување на состојбите.
Таков е случајот и со редовната надворешна контрола во адвокатското друштво кое е релативно нов правен субјект а каде Петре Шилегов се јавува како овластено лице, која контрола сеуште не е завршена бидејќи се чекаат информации од надлежни институции од кои УЈП има побарано информации а со цел точно утврдување на состојбите.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија