Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.07.2015
Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ за да не се соочат со присилна наплата

Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци.

Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk
Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузната такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.
Постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

Корисни информации за РДТ:
Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија