Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.01.2016
БРУТО ПЛАТА 2016 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2016 година изнесува 32.268 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2016 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за примањата од работен однос изнесува 387.216,00 денари (12 x 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за самовработено лице изнесува 258.144,00 денари (8 x 32.268)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009
32.268 31.644 30.902 30.595 30.591 30.349 29.829 27.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2016 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија