Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.09.2016
Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, а УЈП има обврска да ги спроведува законите

Управата за јавни приходи најостро реагира на денешното соопштение од политичката партија СДСМ „По 11 декември ја укинуваме радиодифузната такса, ставаме крај на притисоците од УЈП“ (13.09.2016 година).

Апелираме одредени политичкии партии да престанат да ги квалификуваат надлежностите на УЈП и спроведувањето на законот како закана за граѓаните, наместо да поттикнуваат политики и мерки за зајакнување на даночната дисциплина.

Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, а УЈП има обврска да ги спроведува законите. Да потсетиме, во изминатите години даночната администрација воведе и нови услуги со кои времето и трошоците за плаќање на оваа јавна давачка се намалени.

Во минатото бевме сведоци дека токму после вакви изјави, политички прозивки и препукување кои во пракса се покажуваат како дополнителен поттик за неплаќачите и создавање на револт кај граѓаните, вработените во УЈП беа жртви на вербални и физички напади, што е само дополнителен факт дека политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија