Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.01.2017
Насоки за доставување на евиденции на излезни/влезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријава, во случај на барање од УЈП

Се известуваат ДДВ обврзниците и сметкодителите дека Управата за јавни приходи за определена група на ДДВ обврзници достави барање за информации заради утврдување на веродостојноста на податоците искажаните во поединечните полиња на даночната пријава “ДДВ-04“ (согласно член 57, 60 и 62 од Законот за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.13/06...23/16).

Во доставеното Барање беше укажано за даночниот период 01/12-31/12/2016 година, односно даночниот период 01/10-31/12/2016 година, обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, да достават и:
- евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
- евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.

Во случај ДДВ обврзникот да добие вакво Барање од УЈП, податоците треба да ги достави во Табеларниот преглед кој е доставен од страна на УЈП. Пополнетиот Табеларен преглед се доставува како прилог (аttachment) кон даночната пријава ДДВ-04 за соодветниот даночен период, преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Даночните обврзници избрани како целна група и до кој е доставено барање од УЈП, при пополнување на Табеларниот преглед, потребно е:
• Да ги достават податоци само за излезни фактури за жирално плаќање, а не и готовински промет, и тоа само фактури за оданочив промет , како и влезни фактури од кои произлегува претходен данок со право на одбивка, без оглед на начинот на плаќање, како и исправка на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок.
• Доколку ДДВ обврзниците издаваат фактури на физички лица, во Табеларниот преглед во полето ЕДБ треба да го внесуваат ЕМБГ на физичкото лице.
• Во делот на техничките барања кои треба да се исполнат за да Табеларниот преглед биде прикачен заедно со ДДВ-04 пријавата, по пополнувањето на ДДВ пријавата истата треба да биде сочувана како привремена. Потоа во делот на прилозите да се прикачи како прилог (attachment) Табелата - ДДВ Евиденции, при што екстензијата на екселот наместо .xlsx треба да биде .xls.
• Големината на фајлот Табела - ДДВ Евиденции не треба да надминува 2 МБ. По прикачувањето на прилогот Табела - ДДВ Евиденции, ДДВ-04 пријавата треба да биде сочувана како завршена и како таква да се испрати до УЈП.

ДДВ обврзниците до кои е доставено барање од УЈП, ако достават пријава “ДДВ -04“ без Табеларниот преглед, истата ќе биде примена и обработена, но согласно член 179-б од Законот за даночна постапка заради недоставување на бараните податоци е пропишано изрекување на глоба.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија