Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
23.03.2018
Од 1 Мај 2018 – Задолжително „Закажи средб@” за користење на даночните услуги во УЈП - Регионалната дирекција Скопје

Услугата „Закажи средб@” од 1-ви Мај 2018 година ќе биде задолжителна за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје.

 

Услугата „Закажи средб@“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување на средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на: 1) Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); 2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување на даноци; 5) Постапки за наплата на долгови; 6) Правни прашања.


Услугата „Закажи средб@“ може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. За да закажете средба повикувајте го Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“.

Која е постапка за закажување на средба?

  • Идентификација на корисник преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или преку електронскиот систем „Закажи средб@“ достапен преку kontaktcentar.ujp.gov.mk
    Доколку сакате да закажете средба како физичко лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ и е-пошта за физичко лице.
    Доколку сакате да закажете средба како правно лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ, е-пошта за физичко лице, Назив на фирмата, ЕДБ и ПИН код за правно лице.
    Полињата се задолжителни освен полето „ПИН код“.
  • Изберете ја услугата која сакате да ја користите во УЈП – Регионална дирекција Скопје
    Изберете ја канцеларијата во која што сакате да закажете средба , односно Регионалната дирекција Скопје, и изберете ја услугата која ви е потребна.
    НАПОМЕНА: Услугата „Закажи средб@“ во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје.
    Полињата се задолжителни, освен полето „Код на референтен документ“.
  • Изберете ги датумот и времето на средба
    Закажувањето на средба се врши најрано за следниот работен ден. Изберете ги датумот и времето на средба, кои вам ви одговара, доколку се слободни и не се зафатени претходно.
  • Потврдете ја закажаната средба
    Потврдете ги информациите за избраната канцеларија, вид на услуга, датум и време на средбата.
    Доколку не сте во можност да дојдете на закажаната средба, потребно е истата да ја откажете или да закажете друг термин.

Корисни информации

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија