Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.07.2018
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Сојузот на Стопански комори на Македонија

На 11 јули 2018 година, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и Претседателката на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Данела Арсовска потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата на двете институции за зголемено делување во борбата против сивата економија, регулирање на работата на црно на пазарот на трудот, унапредување на соработката помеѓу даночните обврзници и Управата како и заедничко планирање и организирање на семинири, трибини, бизнис форуми.
Директорката на Управата за јавни приходи истакна дека секоја иницијатива и економска мерка предложена од Сојузот на Стопански комори на Македонија која е направена врз основа на анализи, позитивни деловни практики и компаративни искуства е добредојдена и ја охрабри Комората да склучува вакви меморандуми за соработка и со другите институции се со цел давање на максимален придонес во успешно и квалитетно реализирање на предложените економски мерки чија крајна цел ќе биде создавање на конкурентна економија и градење на партнерски однос со бизнис заедницата.
Управата за јавни приходи континуирано ја следи економската состојба, ги разгледува постоечките законски регулативи и ќе предлага нивни измени во насока на подобрување на македонската економија.

На потпишувањето на Меморандумот, присуствуваа и претставници од Управата за јавни приходи на Република Македонија и претставници на Сојузот на Стопанските Комори на Република Македонија, Услужната Комора, ИКТ Комората, Градежната Комора и други.
 

     
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија