Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
26.03.2019
ПОТСЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ ПО „ДБ”, „ДБ - ВП“ И „ПДД-ДБ” ЗА 2018 ГОДИНА И ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИ АКОНТАЦИИ ЗА 2019 ГОДИНА

Ова потсетување се однесува на:

  1. Обврзниците на данокот на добивка кои во даночниот биланс „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка” за 2018 година пресметале разлика меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка,
  2. Трговските друштва кои, согласно со закон, се определиле да плаќаат годишен данок на вкупен приход и во образецот „ДБ - ВП - Годишен данок на вкупен приход“ за 2018 година искажале вкупен приход кој го надминува износот од 3.000.000 денари, и
  3. Обврзниците на данок на доход за приходите остварени од самостојна дејност кои се обврзани да водат деловни книги, кои во годишниот даночен биланс за 2018 година пресметале разлика меѓу уплатената аконтација и пресметаниот данок на доход.

Доспеаност (рок за плаќање) на обврската за 2018 година

Рокот за плаќање на разликата, односно данокот за 2018 година е најдоцна до:
01.04.2019 година – за даночните обврзници од точките 1. и 2. кои имале обврска годишната сметка за 2018 година до Централниот регистар да ја поднесат најдоцна до крајот на месец февруари 2019 година, како и за сите даночните обврзници од точката 3.

14.04.2019 година - за даночните обврзници од точките 1. и 2. кои имале обврска годишната сметка за 2018 година до Централниот регистар да ја достават во електронска форма до 15 март 2019 година или годишната сметка за 2018 година ја доставиле до Централниот регистар во електронска форма иако немале таква обврска.

Доспеаност (рок за плаќање) на месечните аконтации за 2019 година

Даночните обврзници од точката 1. и точката 3. месечните аконтации на данокот на добивка за 2019 година, односно на данокот на доход од самостојна дејност за 2019 година, ги плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец (до 15-ти во тековниот за претходниот месец).

Месечните аконтации на данокот на добивка во даночниот биланс „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка“ се утврдуваат во износ од една дванаесеттина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2018 година, зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.
Месечната аконтација на данокот на доход за приходите од самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаесттина од пресметаниот данок во годишниот даночен биланс за 2018 година.

Други даночни обврски

Даночниот обврзник од точките 1. и 2. кој ќе врши исплати на акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година за дивиденди и други распределби од добивката, има обврска да пресмета и плати данок на добивка. Пресметувањето и плаќањето на данокот се врши на образецот „ДД-ИД - Пресметка на данок на добивка на исплатени дивиденди и други исплати од добивката“.

Даночниот обврзник од точките 1. и 2. кој ќе врши покривање на загубите од акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година, има обврска да пресмета и плати данок на добивка. Пресметувањето и плаќањето на данокот на овој член се врши на образецот “ДД-ПЗ“.

Повеќе информации за начинот на пресметување и плаќање на данокот на добивка, годишниот данок на вкупен приход и данокот на доход од самостојна дејност ќе најдете на:
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/580
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/537
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/151

Начин на исполнување на даночниот долг

Даночниот обврзник го исполнува даночниот долг со плаќање на паричен износ на пропишаните уплатни сметки за јавни приходи: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki
Даночниот долг може да биде исполнет и со пребивање, ако даночниот обврзник има уплата по основ на даноци по друг основ или побаруван данок по друг основ во износ кој е поголем од долгуваниот износ, па од износот на претплатата ќе се намират пристигнатите обврски за данок на добивка, односно за данок на доход од самостојна дејност (по даночен биланс и месечни аконтации).
Исполнувањето на даночниот долг може да се изврши и со плаќање од страна на трето лице, или со преземање на долгот од страна на трето лице со нотарски заверена изјава.
 

Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Даночните обврзници од Република Северна Македонија со плаќањето на данок на добивка, годишен данок на вкупен приход и данок на доход од самостојна дејност учествуваат во генерирање на јавни приходи во 2018 година, со следните износи:
- данок на добивка 3,665,754,800 денари
- месечни аконтации на данокот на добивка 9,192,377,906 денари
- годишен данок на вкупен приход 60,218,465 денари
- данок на дивиденди и други распределби од добивката 280,589,502 денари и
- данок на доход од самостојна дејност 234,807,171 денари.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија