Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
12.02.2008
Поедноставен даночен режим за трговските друштва - Воведување на годишен данок на вкупен приход за малите бизниси

Со најновите измени на Законот за данок на добивка, за 2007 година се воведува поедноставен даночен режим за трговските друштва – мали бизниси.

Наместо досегашниот данок на добивка кои изнесува 12% од износот на остварената добивка во 2007 година, трговските друштва кои:

  • извршуваат стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри)
  • и чиј вкупен приход остварен во последните три години од кој било извор не надминува износ од 3.000.000 денари на годишно ниво

ќе плаќаат годишен данок на вкупен приход кој се пресметува врз основа на остварениот вкупен приход по сите основи, со примена на стапка од 1,5% на износот на вкупно остварениот приход во претходната календарска година.

Малите бизниси за целите на ваквото оданочување потребно е да се регистрираат во Регистарот на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход кој го води Управата за јавни приходи.

Основните придобивки на оданочувањето со годишен данок на вкупен приход за малите бизниси, се пред се, поедноставување и скратување на даночните процедури, односно намалување на бирократијата и обврските на даночните обврзници:

  • поедноставен начин на утврдување на данокот - на даночниот обврзник ќе му биде потребно релативно кратко време (приближно 30 минути) за да ги пополни потребните обрасци со кои се регистрира и врз основа на кои го утврдува годишниот данок на вкупен приход
  • даночните обврзници нема да имаат обврска да пресметуваат и плаќаат месечни аконтации
  • избегнување на процедурите на пресметување и следење на непризнаените расходи, како и постапките за добивање на одобренија за разните видови даночни ослободувања и олеснувања
  • оданочување со просечна претпоставена добивка на овие даночни обврзници
  • поради годишното утврдување на данокот на вкупен приход малите бизниси ќе можат подобро да ги планираат своите средства и ресурси

Истовремено ваквиот начин на оданочување ќе значи и поефикасно следење на ризичните категории на обврзници од страна на Управата за јавни приходи во однос на нивното финансиско работење, посебно имајќи го предвид фактот дека во оваа категорија на мали бизниси припаѓаат скоро 40% од вкупниот број на даночни обврзници (трговски друштва).
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија