Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
09.07.2019
Управата за јавни приходи учествуваше на Годишната координација и управувачки комитет за Програмата за даночни администрации и ПФМ реформата во земјите од Југоисточна Европа

Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) , Европската Комисија и Швајцарскиот Државен Секретаријат за Економски прашања (SECO), одржаа Годишна координација и управувачки комитет на кој се дискутираше за капацитетите на развојната програма на даночната администрација финансирана од ЕУ и SECO, како и за реформите за управување со јавните финансии во Југоисточна Европа спроведени од страна на ММФ во шест земји од Западен Балкан.

На состанокот, претставниците на ММФ, ЕК и SECO се сретнаа со високи функционери од Министерствата за финансии и даночните администрациии (меѓу кои и неколку генерални директори) од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија и разговараа за досегашните достигнувања, насоката на програмата, како и за работен план за наредните години.

Учесниците дискутираа за реформските приоритети презентирани на состанокот од страна на претставниците на земјите, согласно нивните економски и реформски програми за зајакнување на јавниот финансиски сектор и даночната администрација.

Претставниците на Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија на состанокот го презентираа проектот „Претпополнета Годишна даночна пријава (ГДП)“, којшто значително ги поедностави процедурите за пресметување и електронско пријавување на персоналниот данок на доход и овозможи поквалитетни податоци за донесување на одлуки и многу други придобивки. Неодамнешните реформи коишто се спроведени со поддршка на ММФ, ставија акцент на управувањето со проектите и промените, вклучувајќи и соодветно планирање на работна сила. Мотото кое претставниците на Управата за јавни приходи го споделија на состанокот е „Промената е во сите нас, но потребно е да избереме: Овој ден или некој ден!„

Претставниците на министерството за финансии на состанокот зборуваа за водечките реформи во јавниот сектор и ги нагласија напорите на министерството за подобрување на транспарентноста на јавниот сектор остварени преку легислатива, воспоставување на фискални правила и фискален совет, како и за други спроведени, но и реформи коишто се во план да се реализираат.

На состанокот, учесниците исто така имаа подобар увид во среднорочните стратегии поврзани со приходи како и во управувањето со инфраструктурата и заклучија дека континуираната одговорност за реформите и посветеноста во нивното спроведување е клучна во постигнувањето успех.


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија