Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.04.2020
ОД ДЕНЕС КОРИСНИЦИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ,,МОЈДДВ,, ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ДОНИРААТ СВОЈОТ ПОВРАТ ЗА БОРБА ПРОТИВ COVID 19

Физичките лица корисници на апликацијата „МојДДВ“ ќе можат да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против вирусот Ковид 19.

За остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијата МојДДВ, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

Во апликацијата на располагање ќе бидат две опции ‘‘ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и ,,НЕ, благодарам’’ а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до 5-ти мај 2020 година.
Физичките лица кој ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај.

Управата за јавни приходи од 6 мај 2020 година ќе започне со исплата на парични средства за првиот квартал од 2020 година.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија