Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.08.2020
КОРИСНИЦИТЕ НА МОЈДДВ КОИ ИМААТ ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ДА ИЗВРШАТ ПРОМЕНА

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.

Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете го прозорчето „профил“, потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка. Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на e-ПДД, потоа го бирате копчето ,,зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета. Оваа промена апелираме да ја направат и сите оние корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основ за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија