Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
16.10.2020
,,ВИКЕНД БЕЗ ДДВ,, ПОВЕЌЕКРАТНО ГО ЗГОЛЕМИ ПРОМЕТОТ ОД МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И ОБЕЗБЕДИ АНТИКРИЗНА ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ

Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.
Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.
Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари.
Управата за јавни приходи ќе им ги исплати парите на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки.

Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2.2 пати зголемена.
Дополнително скенирани се 3 пати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи овој викенд во однос на истиот од минатата година.

Првата мерка од 4 - сет на антикризни мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија стартуваше токму со мерката ,,Викенд без ДДВ“ кој целосно ја спроведе Управата за јавни приходи.

Резултатите од оваа мерка се повеќе од успешни бидејќи значат повеќе пари назад кај граѓаните, зајакнување на домашниот буџет и истовремено зголемена потрошувачка на македонски производи и услуги. Поттикнување на промет кај македонските компании е поддршка во услови на криза, која влијае и на подобрување на ликвидноста на компаниите.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија