Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
10.11.2020
БAРАЊЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Согласно Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020), физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД/2 до Управата за јавни приходи.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок - опција Доход од вршење самостојна дејност до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице. Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање БФС-СВД/2 треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.

  • Барателот - физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според вистински доход, треба да ги означи сите наведени услови во рубриката В од образецот , додека барателите кои започнале со вршење на дејност во текот на 2020 и не се оданочуваат според паушално утврден нето-доход треба да ги означи условите под а) и в),
  • Барателот - физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето-доход треба да ги означи условите под б) и в ) во рубриката В во образецот, додека барателите кои започнале со вршење на дејност во текот на 2020 и се оданочуваат според паушално утврден нето-доход треба да го означи условот под в).

Корисни информации:
Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија