Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
10.12.2020
ВРШИТЕЛИ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОДНЕСЕТЕ ДЛД-ОМА/1 И OСТВАРЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/ДЛД-ОМА/1*

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход.

Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија доколку ги исполнуваат следните услови

  • даночниот обврзник - работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година, и/или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност(образецот ДЛД-ОМА/1) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето. Поднесувањето на барањето за месец ноември ќе биде дозволено заклучно со 14.12.2020 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија