Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
05.04.2021
Работна средба помеѓу ЗПВ Николовски и директорката на УЈП Лукаревска

Денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски одржаа работен состанок на кој се разговараше за улогата на УЈП во спречувањето на затајување на данок и корупција, преку зајаканатите контролни механизми.
Вицепремиерот Николовски, ги презентираше мерките од Планот за борба против корупција, со посебен акцент на мерките со кои преку дигитализација се елиминира човечкиот фактор и субјективноста при реализација на контролите.

„Со активно вклучување на сите надлежни институции, ќе имаме и позитивни резултати во исполнување на мерките од усвоениот План за борба против корупција, ќе покажеме дека со системски мерки и неселективност во постапките, може да се спречи корупцијата и даночното затајување. Дигитализацијата и елиминирањето на човечкиот фактор при контролите, при издавањето на документите, се само дел од механизмите за спречување корупција. Планот за борба против корупција, содржи 18 системски мерки, со кои влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа“, посочи вицепремиерот Николовски.

Директорката на УЈП, Лукаревска, ги презентираше механизмите и системите во делот контролите што се во надлежност на Управата и истакна дека УЈП како институција согласно надлежностите и капацитетите со кои располага е особено важна алка во процесот на детектирање и рано откривање на незаконитото однесување и постапување на даночните обврзници. На состанокот беше презентиран начинот на функционирање на Софтверот за евалуација на ризици, кој овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени интергрирани критериуми за ризик при што се овозможува елимининација на човечкиот фактор при избор на даночите обрзници за контрола. Исто така беше презентиран и Системот за електронско следење на системите за игри на среќа, начинот на вршење на даночните контроли од страна на даночните инспекторати, и начините на откривање на коруптивни однесувања на вработените во УЈП.

Во рамките на оваа средба се одржа и работен состанок со началниците на регионалните дирекции на УЈП, на којшто се разговараше нивната работа на терен и нивните предлози во делот на контролите и подигањето на јавната свест за бенефитот од редовното плаќање на даноците кон државата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија