Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
17.11.2021
ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП КАКО ПАНЕЛИСТ НА ТРЕТИОТ ВИРТУЕЛЕН СЕМИНАР ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ДАНОЧНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Денес директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на покана на Светска банка учествуваше како панелист на третиот виртуелен семинар на тема ,,ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ: ПАТОКАЗ ЗА ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА,,. Семинарот е во организација на групацијата Светска Банка, Виенски Универзитет, Глобален Центар за даночна политика и ревизорска куќа Ернст & Јаунг, а директорката учествуваше на сесијата ,, Индекс на дигитална зрелост на даночната администрација,, каде што говореше за предизвиците со кои Управата за јавни приходи се соочува во процесот на дигитализација, за постојниот ИТ систем, за воведувањето на новиот Интегриран даночен информационен систем (ИДИС) како и за техничката помош која Управата за јавни приходи ја добива од меѓународните развојни партнери. На панелот директорката ги претстави и тековните реформи и иницијативи на Управата за јавни приходи насочени кон промовирање на доброволното оданочување, подобрување на ефективноста на услугите на даночните обврзници и на деловното опкружување.

Нашата мисија е да обезбедиме интегрирана ИТ средина која целосно ја поддржува деловната стратегија на УЈП и е во согласност со меѓународните стандарди. – истакна Лукаревска на панел дискусијата.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија