Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.03.2022
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: БЕСИМИ, ЛУКАРЕВСКА, КУТИРОВ - НАМАЛЕН ДДВ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОДУКТИ И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

На денешната прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими, и директорката на Царинската управа Славица Кутиров ги претставија усвоените измени на законот за ДДВ со која се намалува ДДВ-то на одредени производи и го потенцираа значењето од брзата реакција на сите институции вклучени во процесот тие да бидат донесени и да почнат да се применуваат, по синоќешното усвојување во Собранието.

Министерот посочи дека со законските решенија ДДВ за основните прехранбени производи ќе изнесува 0 %, кај ДДВ за електрична енергија во текот на цела 2022 година ќе продолжи да се применува стапка од 5 %, повластена стапка од 10% за горива и намалување на акцизата за горивата за 1, 2 или 4 денари по литар, согласно берзанските движења. Намалената стапка на ДДВ од 5% на 0% ќе се применува до крајот на мај, а се однесува на леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо, ориз и јајца. Со оваа мерка, потенцира министерот, ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалување на вредноста на потрошувачката кошница, а за да има позначаен ефект оваа мерка ќе се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на цените кај овие производи. Повластената стапка од 5 % на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата ќе продолжи да се применува до крајот на 2022 година. Намалување на стапката на ДДВ од 18 % на 10 % на енергентите, односно на безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан е со цел заштита на куповната моќ на крајните потрошувачи, но и на земјоделците кои произведуваат во мал обем.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека со овие мерки, директно се влијае врз крајната цена која граѓаните треба да ја платат за храна и нафтените деривати. Таа апелираше до трговците да се подготват соодветно согласно решенијата опишани во законот со цел граѓаните да добиваат производи по пониски цени. Време е да бидеме солидарни, сега треба заеднички да ја победиме оваа несакана економска состојба и од неа да излеземе заедно без големи несакани последици. – истакна Лукаревска.

Директорката на Царинската Управа Славица Кутиров истакна дека мерката која се однесува на намалување на акцизата ќе се имплементира веднаш по добивање информација од Регулаторната комисија за енергетика. Мерката за намалување на акцизи врз основа на средна берзанска цена носи дополнително намалување на давачките за енергентите: дизел, безоловен бензин 95 и 98, гасно масло (екстра лесно масло за греење). Намалувањето на акцизата ќе изнесува 1, 2 или 4 денари во зависност од средната берзанска цена утврдена од страна на Регулаторна комисија за енергетика. Утврдувањето на износот на акцизата ќе се врши два пати месечно, а ќе се примеува на 1-ви и на 15-ти во месецот. Мерката ќе важи до 31.05.2022, изјави Кутиров.

Сетот мерки што ги усвои Владата е проценет на 400 милиони евра,од кои 100 милиони се откажување на приходи планирани во Буџетот, додека 300 милиони се буџетски расходи. Тие, како што беше посочено на прес-конфернецијата ќе се реализираат онака како што се планирани.

           

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија