Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
31.03.2022
ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Законски основ
Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот  за минимална плата во Република Северна Македонија, („Службен весник на РСМ’’, бр.41 од 24.02.2022 година), имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.

Износ на финансиска помош
Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. 

На работодавачот ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата во износ од 1.197,00 денари. Финансиската помош се обезбедува на работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 денари.

Пресметка на износ на исплатената нето плата на работникот исплатена за период од март до декември 2022 година 
Пресметката на износ на исплатената месечна нето плата од март до декември 2022 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во месец февруари 2022 година за вкупниот број на одработени часови (ефективни часови и надоместок на боледување на товар на работодавач), како и за ново вработените лица во месецот за кој се бара финансиска помош. Висината на платата на работникот кој работи со скратено работно време се пресметува сразмерно со бројот на остварените работни часови. Во просечниот износ на исплатената месечна нето плата за работникот, не се пресметува додатокот на плата за прекувремена работа.

Барање за финансиска помош
Барањето за обезбедување на финансиската помош работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош. За барање за користење на финансиска помош, внесете ја шифрата 405 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Услови за обезбедување на финансиска поддршка
Работодавачот за обезбедување на финансиската помош треба да ги исполнува следните услови:

  • работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице,
  • работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење, согласно со членовите 477, 477-а, 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва,
  • работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

Работодавачот кој НЕ може да користи финансиска помош

  • обврзник кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници, согласно со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата,
  • обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката,
  • орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје,
  • приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор,

Известување на работодавачот за правото на финансиска помош
Во Декларацијата за прием, работодавачот кој за вработеното лице ги исполнува условите од членот 4-а од законот и условите од член 4-б став (1) алинеја 1, 2 и 3 од законот, ќе се генерира известување дека се исполнети условите од законот, за обезбедување на финансиска помош. По истекот на месецот за кој се обезбедува финансиска помош, ќе се провери дали работодавачот ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Доколку и овој услов е исполнет, на работодавачот ќе му се исплати финансиска помош.

Доколку работодавачот не ги исполни условите од законот, во Декларацијата за прием ќе се генерира предупредување со порака кој услов од законот работодавачот не го исполнува. Декларацијата за прием нема да биде одбиена поради предупредувањето, туку истото служи за информирање на работодавачот дека нема да следи исплата на финансиска помош.

Исплата на финансиската помош
Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Исплатата на финансиската помош се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Обврски на работодавачот – корисник на финансиска помош
Работодавачот кој ќе добие финансиска помош е должен да го задржи на работа работникот за кој добива финансиска помош најмалку една година по завршувањето на помошта. Во спротивно работодавачот е должен да го врати износот на добиената финансиска помош, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал финансиска помош, освен во случај на остварување на право на пензија, престанок на работниот однос по вина или волја на работникот или смрт на работникот.

Напомена: Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 03/2022 година, а не побарале обезбедување на финансиска помош истото може да го сторат со поднесување на исправка (103) само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош. Барање за финансиска поддршка може да се поднесе само од работодавачи – правно лице или самостоен вршител на дејност, во конечна пресметка или во исправка на пресметката, односно не се опфатени аконтативни пресметки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија