Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.02.2009
Според последните обработени податоци – 51.118 работодавци поднеле Месечни пресметки за интегрирана наплата

Според последните обработени податоци на Управата за јавни приходи, до крајниот рок за поднесување на образец “МПИН“/10 февруари, 51.118 даночни обврзници доставиле пресметка за јануарска плата за 384.298 вработени.

* Поради големиот број на фирми кои доставуваа пресметки во изминатите два дена, и кои сеуште се обработуваат, конечниот број на пресметки за плата доставени до УЈП во законскиот рок се очекува да биде поголем.

Од вкупно 47.881 прифатени пресметки за 291.983 вработени, заклучно со 10-ти февруари 11.368 фирми извршиле исплата на плата за вкупно 110.599 вработени.

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека пресметките доставени до УЈП до 10-ти февруари кај кои при изготвувањето на истите се констатирани или ќе се констатираат грешки, се сметаат како поднесени во законскиот рок. Даночните канцеларии на УЈП на 12-ти и 13-ти февруари (четврток и петок) ќе работат до 18.00 часот, со цел да им се овозможи на субјектите кои доставиле погрешни пресметки, да направат корекции на истите и во законски предвидениот рок/15-ти февруари да бидатво можност да ги исплатат платите на вработените.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија