Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.09.2022
СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Директорката на Упрвата за јавни приходи, Сања Лукаревска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ, како што појаснија потписничките, ќе се унапреди меѓуинституционалната соработка а ќе се овозможи и јакнење на финансискиот и даночниот систем, кои се носечки столбови за економијата. 

     
Директорката на УЈП, Лукаревска, појасни дека преку ваквите соработки, се јакнат капацитетите на двете институиции а се креира и солидна основа УЈП и КХВ, партнерски да се справуваат со даночното затајување и пазарните манипулации.

Претседателката на КХВ, Алити, појасни дека со склучувањето на Меморандумот, се операционализираат повеќе сегменти на содејствување преку заедничко вложување а се создадат услови за градење на соодветни политики за носење на оддржливи одлуки, се со цел, модернизација на финансискиот и даночниот сектор.

Лукаревска и Алити, истакнаа дека практичната примена на оваа соработка почнува веднаш, се со цел, брзо создавање на услови за подобрување на бизнис климата модернизирани и транспарентни услуги кои ќе придонесат кон раст и развој на инвестициските можности и подобрување на бизнис климата од кои бенефит ќе имаат субјектите како даночни обврзници и инвеститори.

Линк за албанска верзија

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија