Директорката Лукаревска во своето излагање истакна дека економиите од Балканот меѓусебно се тесно поврзани и продлабочувањето на соработката е добредојдена за сите земји од регионот. „Како даночни администрации во моментов имаме исклучително важна улога во обезбедувањето на основата за стабилност на јавните финансии на нашите земји. Заради специфичните услови во кои се наоѓаме, исправени сме пред голем предизвик, да се носат конзистентни политики и реформи. Вложуваме во осовременување на даночната администрација и посветено соработуваме и ги унапредуваме соработките со даночните администрации од регионот. “ – истакна, директорката Лукаревска.
На конференцијата, освен министрите за финансии, гувернерите и директорите на даночните администрации, учествуваа и бројни експерти од Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ), ММФ, комерцијалните банки, осигурителните компании и најголемите компании во регионот. Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночните администрации се оддржува по деветти пат.
Линк за албанска верзија