Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
07.10.2022
ПАРТНЕРСКИ, ПРЕКУ ДИЈАЛОГ СО СИНДИКАТИТЕ, РАБОТОДАВАЧИТЕ И ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ ДЕБАТИРАВМЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ШТО ГИ ЗАСЕГААТ РАБОТНИЦИТЕ И МЛАДИТЕ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, учествуваше на вториот ден од шестата по ред Текстилијада, која се оддржува традиционално, секој октомври во Штип во организација на здружението Гласен Текстилец.

Преку енергичен дијалог, со конкретни идеи, директорката, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, претседателката на Гласен текстилец, Кристина Ампева, претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, и претставникот на Олоф Палме Интернационал Центар, Левент Бицаку дебатираа на темата ,,Институциите и државата во криза,, за сите актуелни прашања кои ги засегаат работниците и младите лица во државата. Директорката Лукаревска, истакна дека оваа манифестација е од огромно значење и овозможува да се слушнат забелешките и од страна на работничките во текстилната индустрија, и од работодавачите, но и од сите општествени чинители.

Партнерски ги детектиравме потребите на стопанството, на работниците, на синдикатот, ги разгледавме и областите во кои можеме да бидеме уште подобри. Повеќе пати имаме поднесено иницијатива за да се спречи исплата на плата под минималната, потребно е да се донесе законско решение и да не се случуваат вакви неправилности. Во однос на даноците, Лукаревска истакна дека македонските фирми се даночно дисциплинирани и си ги плаќаат даноците кон државата. Последните податоци покажуваат дека 90 до 95 % од компаниите, навремено си ги сервисираат даноците.- истакна директорката Лукаревска.

Претседателката на Гласен текстилец, Кристина Ампева, пред присутните истакна дека со досегашната соработка со УЈП, постигнато е многу, но со меѓусебна соработка и со навремено детектирање на проблемите може да се постигнат уште поголеми резултати во насока на заштита на работниците и нивните законски права.

Вториот ден од Текстилијадата го отвори Градоначалникот на Штип кој што истакна дека овој настан е од особена важност и претставува бренд за градот Штип.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија