Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
21.10.2022
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ НА ОБЈАСНУВАЧКИОТ СКРИНИНГ ВО БРИСЕЛ ЗА ПОГЛАВЈЕ 16 – ОДАНОЧУВАЊЕ

Делегација на Управата за јавни приходи предводена од главниот преговарач за РСМ, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес на состанокот за објаснувачки скрининг за Поглавје – 16, Оданочување ја започнаа првата фаза од преговорите со Европската Унија.

На состанокот од страна на претставниците на Европската комисија беше претставена регулативата на ЕУ која се однесува на директното и индиректното оданочување донесено при крајот на 2018 година, спречување на даночното затајување, заемна помош во областа на индиректно оданочување и тековни случувања во врска со Директивите за развојот на е-трговијата поврзана со ДДВ. Во наредниот период ќе следуваат состаноци на билатерално ниво, на кој ќе се презентира степенот на усогласеност на домашното со правото на ЕУ, зајакнување на институционалните и административните капацитети, потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. 

 
 

Напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и постапката за поврат на ДДВ постои, но треба да се работи интезивно на ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот од 2021-2025 година, со цел ефективна автоматска размена на даночни информации со земјите членки на ЕУ.

На овој објаснувачки скрининг во Брисел, за Поглавјето 16 – Оданочување, покрај Управата за јавни приходи учествуваше и Албанската даночната администрација.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија