Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.01.2023
ДОГОВОР СО СВЕТСКА БАНКА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ, ТРАНСПАРЕНТНИ И ОТЧЕТНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ

Денес во Министерството за финансии, министерот Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска Банка во РСМ Масимилиано Паолучи, го потпишаа договорот за проектот „Градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финснсии“. На настанот присуствуваа директорката на УЈП Сања Лукаревска и шефот на делегацијата на ЕУ во РСМ, Дејвид Гир.

Владата, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи со овој проект, ќе воспостават системи со кој институционално ќе бидат поврзани во единствен систем. Во Министерството за финансии ќе се имплементира нов Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС), а во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Информациски систем за управување со државна помош (СИМИС).

Директорката Сања Лукаревска, рече дека со поддршката која ја добива УЈП преку овој проект се овозможува цврста основа за воспоставување на новиот Интегриран даночен информациски систем на Управата за јавни приходи со кој ќе се подобри оперативната ефикасност на функциите на даночната администрација, ќе се зајакнат аналитичките капацитети и мониторингот на усогласеноста и ќе се подобрат услугите за даночните обврзници. Целосната дигитализација на услугите кон даночните обврзници ќе овозможи компаниите да заштедат на време и на трошоци, а ќе доведе и до зголемување на наплатата на даноците, како и до намалување на неформалната економија, што им помага на формалните бизниси да ги зголемат своите приходи преку слободна, ефективна и фер конкуренција. – рече Лукаревска.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека со овој проект се реализираат дел од заложбите на Владата за имплементација на напредни технологии кои воедно се и предуслов за воспоставување современ и модерен начин на управување со јавните финансии со кој ќе се поврзат постоечките фрагментирани и неповрзани системи на една централизирана дигитална платформа, и истакна дека со ова ќе се подобри ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните финансии.

Директорот на Канцеларијата на СБ за РСМ Масимилијано Паолучи изјави дека со тековната Рамка за партнерство на Светска банка со Северна Македонија се утврдува зајакнувањето на фискалното управување и управувањето со јавните финансии како клучна цел, а со овој проект и понатаму ќе има сеопфатен пристап кон зајакнувањето и на расходната и на приходната страна во врска со циклусот на управување со јавните финансии, во којшто се зема предвид фискалната одржливост како и одржливоста на климатските промени.

Евроамбасадорот Дејвид Гир потенцираше дека дигитализацијата на јавните финансии ќе придонесе кон промовирање на транспарентноста, ефикасноста и отчетноста во управувањето со јавните финансии, како и обезбедување поефикасни услуги за граѓаните.

За поддршка на реформите за управување со јавните расходи ќе се одвојат 14,69 милиони евра, за зајакнување на практиките за даночно управување и системи во Управата за јавни приходи 8,135 милиони евра, а 2,025 милиони евра за управување со промени, координација на донатори и управување со проекти.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија