Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

22.03.2011
НОВО - Право на враќање на персоналниот данок за членови на доброволен пензиски фонд
Граѓанинот кој е член на доброволен пензиски фонд и кој уплатил сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени со персонален данок, има право да бара враќање (поврат) на платениот персонален данок пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд...Правото на враќање на персонален данок, може да се оствари со поднесување на „Барање за поврат на персонален данок на индивидуална сметка“ (образец БПП-ИС/ДПФ) и прилог докази за платениот персонален данок во Македонија, за износот кој се побарува за враќање...
 
18.03.2011
Демант - “А1“ (текст: „Фронтален напад врз А1“)
Во врска со прилогот на А1 „Фронтален напад врз А1“ објавен во вестите на А1 телевизија во 19.00 часот на 17.03.2011 година (новинар: Мишко Иванов), ги демантираме изнесените информации дека Управата за јавни приходи истапува со различни информации, како и реагираме на изнесување на делумни информации од страна на редакцијата на А1. Управата за јавни приходи стои зад сите информации кои ги изнесува и пласира во јавноста. Преку цитирање само на делови од нацрт-записници на УЈП, избрани од редакцијата на А1, се искривува сликата во јавноста за посочениот случај...
 
18.03.2011
ИНФО - Плаќање на радиодифузната такса
Информирајте се за роковите и можностите во однос на начините на плаќање на радиодифузната такса, постапката за вадење на дупликат/копие од решението за радиодифузната такса...
 
11.03.2011
Самостојни вршители на дејност - Поднесете Годишен даночен биланс!
Остануваат уште неколку дена за поднесување на „Биланс на приходи и расходи“ и „Годишен даночен биланс“, кои до 15 март 2011 треба да ги достават трговците-поединци и физичките лица кои остваруваат приходи од: стопанската дејност (фризери, бербери, златари, такси превозници...), давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози...), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи. Обрасците се бесплатни и може да ги преземете од веб страницата или на шалтери во УЈП.
 
28.02.2011
Нова брошура и видео - Изготвување на пресметка за плата
Новата брошура „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ ќе ви oвозможи помош и поддршка при пополнување и доставување на месечните податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок (образец “МПИН“). Со цел олеснување и помош при пополнувањето на клиентскиот софтвер, Управата за јавни приходи изготви и интерактивни упатства (видео), а кои даваат практично објаснување како треба да вршите пресметка во специфичните случаи кои може да се појават при изготвувањето на платите. Брошурата и видео материјалите се достапни на веб страницата на УЈП ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија