Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Канцеларијата за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
Комуникацијата со локалните медиуми и информирањето на јавноста на подрачјето на Регионална дирекција на УЈП ја координира Регионален портпарол.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

31.05.2019
УЈП одржа дводневна работилница за имплементација на моделот CAF - Заедничка рамка за проценка
Управата за јавни приходи водена од примерот на јавните администрации низ цела Европа и предизвикот за одржување и понатамошен развој, ефективност, оперативно работење, исполнување на барањата и очекувањата на даночните обврзници одржа дводневна работилница….
 
31.05.2019
Граѓаните и во текот на викендот ќе имаат можност да ги проверат Годишните даночни пријави
Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година). Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана...
 
30.05.2019
Потпишан Меморандум за спречување перење пари, даночни и царински кривични дела со Обединетото Кралство
Република Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Меморандум за размена на информации и знаења за сузбивање даночни и царински кривични дела и перење пари помеѓу двете земји. Потписници на Меморандумот се Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Северна Македонија и неговите управи, односно: УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција и Управа за финансиско разузнавање...
 
23.05.2019
Почитувани граѓани, проверете ја вашата Годишна даночна пријава
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година. Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е – Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат...
 
16.05.2019
Намалување на неформалната економија - стратешки приоритет на УЈП
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со претставници на надлежни институции и Сојузот на Стопански Комори учествуваше на Форумот - „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“ кој се одржа денес во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“во х. Александар Палас...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија