Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

01.10.2008
Лица кои имаат обврска сами да го пресметуваат и плаќаат персоналниот данок на плата
Резидентите на Република Македонија кои остваруваат лични примања од странство, како и лицата кои остваруваат лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва со седиште во РМ, а за кои исплатувачот на приход не го пресметал и платил персоналниот данок, имаат обврска сами да го пресметаат и платат персоналниот данок.
 
29.09.2008
Скопје – Поради неиздавање на фискална сметка затворени 11 објекти
Во рамките на планираните редовни и тековни активности на 27 септември 2008 година, дежурни екипи на Управата за јавни приходи спроведеа засилени инспекциски контроли по основ на примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања во центарот на Скопје. Со контролите беа опфатени и контролирани субјектите кои вршат дејност угостителство и трговија на мало со прехрамбени производи.
 
18.09.2008
Дежурните екипи на УЈП затворија 15 објекти во Тетово и Гостивар
Затворени 15 деловни објекти во Тетово и Гостивар поради непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања
 
12.09.2008
Поднесување на даночен биланс
Правните лица кои се обврзници на данокот на добивка, со исклучок на малите трговци на кои им се утврдува годишен данок на вкупен приход и обврзниците со посебен даночен статус (друштво за вработување на инвалиди и инвалидизирани лица, стопанска единица во рамките на казнено поправните установи, и корисник на технолошко индустриска и развојна зона), данокот го плаќаат во вид на месечни аконтации на образец – месечен даночен биланс (“МДБ“).
 
19.08.2008
Во врска текстот “Државата ги оданочи и спонзорствата” (“Време”, стр. 6, од 18.08.2008 година)
Во врска текстот “Државата ги оданочи и спонзорствата” од новинарот Силвана Јовановска, објавен во весникот “ВРЕМЕ” (стр. 6, на 18.08.2008 година), и информациите пласирани за даночното ослободување при давање донации и спонзорства во јавните дејности, Управата за јавни приходи ја информира јавноста...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија