Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
03.07.2026
Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси – раст од 231,8 милиони евра во однос на лани

Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи
Во периодот јануари–јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Особено се истакнува месец јуни, во кој е забележан значителен раст на остварените приходи од даноци од 41,6%, како и раст на приходите од социјални придонеси од 12,0% во однос на истиот месец од претходната година.
Овие резултати претставуваат потврда за стабилната наплата на јавните приходи, зајакнатата доброволна усогласеност на даночните обврзници и позитивните економски движења. Стабилната наплата на приходите е еден од клучните предуслови за стабилни јавни финансии, навремено сервисирање на буџетските обврски и обезбедување средства за здравство, образование, социјална заштита, инфраструктура и останатите јавни услуги.
Данокот на добивка бележи континуиран раст
Во првото полугодие од 2026 година по основ на данок на добивка се наплатени 224,5 милиони евра, што претставува раст од 14,5% во однос на истиот период минатата година.
Наплатата бележи континуиран месечен раст кај сите компоненти на овој данок. Особено е значајно што растот кај данокот на добивка кај годишните даночни биланси и месечните аконтации произлегува од подобрените финансиски резултати на компаниите во 2025 година, што укажува на реален раст на економската активност. Истовремено, значителен раст е забележан и кај задржаниот данок и данокот на вкупен приход.
Кумулативниот раст во апсолутен износ е речиси 17 пати поголем од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година. Ова укажува на значително забрзано темпо на раст на приходите.
Во март и април 2026 година е реализирана највисоката месечна наплата на данокот на добивка во последните пет години.
Континуиран раст и кај данокот на личен доход
Во првото полугодие од данокот на личен доход се наплатени 285,2 милиони евра, што е 11,7% повеќе во споредба со истиот период лани.
Раст на наплатата е евидентиран секој месец, а најголемо зголемување има кај доходот од работа (особено по договори на дело и авторски права), доходот од закупнини, доходот од капитал и капитални добивки, доходот од игри на среќа, како и кај доплатите по годишниот данок на доход.
Кумулативниот раст на приходите од овој данок е речиси двојно повисок од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година.
Особено се издвојува месец јуни, кога е остварен раст на наплатата од 20,8% и еден од најдобрите месечни резултати во апсолутен износ на наплата.
ДДВ со силен раст и покрај намалените стапки за горивата
Во првите шест месеци од годинава по основ на ДДВ се наплатени 703,4 милиони евра, што е 16,4% повеќе во споредба со истиот период лани.
Кумулативниот раст на приходите од ДДВ е шест пати повисок од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година, што укажува на значително побрза динамика на раст.
Континуиран раст е евидентиран кај бруто наплатата на ДДВ од увоз и од промет во земјата. Особено е значајно што растот на приходите е остварен и покрај примената на намалените стапки на ДДВ за горивата во дел од годината, што значи дека позитивните резултати се должат на поширока даночна база, повисока економска активност и подобра наплата, а не на повисоко даночно оптоварување.
Стабилна наплата и кај придонесите
Во периодот јануари–јуни 2026 година по основ на социјални придонеси се наплатени 1 милијарда и 57,7 милиони евра, што претставува раст од 7,6% во однос на истиот период минатата година.
Реформите даваат резултати
Континуираниот раст на јавните приходи не е само показател за успешна работа на даночната администрација. Тој е показател за посилна економија, поголема даночна дисциплина и доверба во институциите. Управата за јавни приходи ќе продолжи да ги спроведува реформите што обезбедуваат фер даночен систем, модерни услуги и стабилни јавни финансии во интерес на граѓаните и стопанството.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија