Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
13.08.2026
УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор

Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор.

Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен чинител во дигиталните и безготовинските плаќања, банкарскиот сектор е активен партнер на УЈП во процесот на воведување и унапредување на современите дигитални решенија, меѓу кои и системот е-Фактура.

На работилницата беше презентиран системот е-Фактура, неговите функционалности и можности, а учесниците имаа можност и практично да се запознаат со начинот на неговото користење, вклучително и со процесот на креирање електронска фактура.

Вклучувањето на банкарскиот сектор во овој процес е од особено значење, имајќи ја предвид неговата клучна улога во реализацијата на електронските и безготовинските плаќања. Навременото запознавање со новите дигитални процеси и функционалности што ги носи системот е-Фактура создава основа за нивна полесна и поефикасна примена во практиката.

Оваа работилница е дел од континуираните активности на УЈП за навремено информирање, вклучување и соработка со сите релевантни засегнати страни во процесот на воведување на е-Фактура. Во изминатиот период беа реализирани бројни работилници и средби со различни категории корисници, меѓу кои шпедитери, општини, јавни претпријатија и компании.

УЈП изразува благодарност до МБА за иницијативата, интересот и конструктивната соработка, како и за активното учество на банкарскиот сектор во процесот на дигитална трансформација.

   

Во наредниот период УЈП продолжува со активности за информирање, практична поддршка и тестирање на системот е-Фактура, во соработка со сите релевантни засегнати страни, со цел создавање поефикасен, поврзан и целосно дигитализиран процес на фактурирање.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија