Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
12.11.2026
УЈП од Крушево порачува: „Фер туризам започнува со пријавен доход“

Управата за јавни приходи продолжува со реализацијата на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“, чија цел е да ги информира граѓаните и туристичките работници за нивните даночни обврски и да им обезбеди практични насоки за нивно правилно и навремено исполнување.

Во рамки на кампањата, на 12.11.2026 година, во Крушево се одржа едукативна средба со сопственици на вили, апартмани, куќи за одмор, хотели и други сместувачки капацитети, угостители и претставници на туристичкиот сектор. На средбата се разговараше за пријавувањето и оданочувањето на приходите од туристички активности, краткорочното издавање недвижен имот, како и даночните обврски при ангажирањето сезонски работници.

Настанот беше организиран во соработка со Општина Крушево. На средбата беше нагласена важноста на соработката меѓу институциите, навременото информирање на граѓаните и правилното исполнување на законските обврски како предуслови за создавање еднакви услови за 

Во рамки на стручниот дел, претставниците на УЈП ги појаснија обврските на физичките лица кои остваруваат доход од закуп и подзакуп, вклучително и од краткорочно издавање сместувачки капацитети преку домашни и странски интернет-платформи за огласување, резервации и посредување при изнајмување, како што се Booking.com, Airbnb, Kayak, Tripadvisor и други слични платформи. Беше посочена обврската за пријавување на остварениот доход, без оглед на тоа дали сместувањето се издава повремено или во текот на целата година, како и даночните обврски поврзани со ангажирањето сезонски работници.

Преку практични примери, присутните се запознаа со постапката за електронско пријавување на доходот преку системот е-Даночни услуги, начинот на пресметување и плаќање на данокот на личен доход, како и со можностите за користење на калкулаторот на УЈП за утврдување на даночната обврска и признатите трошоци. Присутните имаа можност да ги споделат своите прашања и дилеми, да разговараат непосредно со стручните лица од УЈП и да добијат конкретни појаснувања во врска со своите даночни обврски. Ваквиот пристап придонесува за подобро разбирање на даночните процедури и ги охрабрува граѓаните навремено и доброволно да ги исполнуваат законските обврски и даночно усогласено да ги водат своите бизниси.

Крушево, со своето богато културно-историско наследство, природни убавини и можности за планински, активен и културен туризам, претставува значаен туристички центар со потенцијал за развој во текот на целата година. Покрај унапредувањето на туристичката понуда, особено важно е создавањето услови за еднаква конкуренција, одговорно работење и почитување на законските правила од страна на сите што остваруваат приходи од туристички дејности.

Фер туризмот значи пријавен доход, одговорно работење и еднакви правила за сите. Преку оваа кампања, УЈП продолжува да ја приближува институцијата до граѓаните, да обезбедува навремени информации и поддршка и да придонесува кон јакнење на даночната култура и одржлив развој на туристичкиот сектор во земјата.

   
   

Корисни информации

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија