Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
09.03.2010
НОВ ОБРАЗЕЦ! Барање за промена на даночен период

Даночните обврзници кои се регистрирани за целите на ДДВ и на кои со решение за даночен период им е одредена календарска година, може да поднесат Барање за промена на даночниот период (образец “ДДВ-БПДП“).

Промената на периодот ќе биде извршена од страна на УЈП, доколку ДДВ обврзникот документирано докаже дека во тековната календарска година ќе има влезни исполнувања, кои произлегуваат од инвестиции во опрема и недвижности за започнување или проширување на неговата стопанска дејност, и тоа во износ од најмалку 100.000.000 денари на годишно ниво без вклучен данок на додадена вредност.

Барањето за промена на даночниот период се поднесува до 10-ти во месецот, до даночната канцеларија на УЈП кај која е регистриран даночниот обврзник.

Начинот на промена на даночниот период за цели на ДДВ е пропишан со Правилникот за промена на даночниот период (објавен „Службен весник на Р. М.“, број 31/2010).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија