Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

22.04.2013
Даночна академија - Размена на искуства за „стратешко планирање“ со Кралството Холандија
Во рамки на Меморандумот за билатерална соработка, потпишан помеѓу Министерството за финансии на РМ и Министерството за финансии на Кралството Холандија, во просториите на Контакт центарот на УЈП, во периодот од 16 до 18 април 2013 година, се одржа експертска мисија на тема „Стратешко планирање“, на која предавачи беа експерти од даночната администрација на Кралството Холандија. На тридневната експертска мисија, 12 вработени од функциите „стратешко планирање, анализа и статистика“ и „финансиски прашања“ разменија искуства за стратешкото планирање во двете даночни администрации, како и во делот на развивањето на стратешки принципи и мерки на учиноци користејќи ги алатките „Balanced Scorecard“ и „SWOT“ анализата...
 
18.04.2013
Од 1 јули 2013 година - Задолжително користење на е-Даноци за тримесечните ДДВ обврзници
Почнувајќи од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци. Заради навремено усогласување со новините во даночното работење, им препорачуваме на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на https://etax-fl.ujp.gov.mk/ за што е потребно 1) Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа; 2) Интернет конекција; и 3) Валидна е-Пошта (пријавена во Централниот регистар на РМ). Постапката за регистрација е едноставна и се врши електронски...
 
08.04.2013
Право на отпис на камати на достасани обврски за социјални придонеси кои настанале во 2009 заклучно со 2012 година
Правото на отпис на камати од заостанати обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување, се однесува за сите обврзници кои се опфатени со концептот „Бруто-плата“ и истите го имаат платено придонесот од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година. Правото на отпис на камати се остварува со поднесување на пропишан образец “БОК-ПЗСО”, до Регионалната дирекција на УЈП, според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник, најдоцна до 31 декември 2013 година. Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите во износ од 100%, 75% или 50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од...
 
07.03.2013
Трговци поединици и самостојни вршители на дејност - Пријавете добивка и персонален данок до 15 Март
Tрговците-поединци и граѓаните кои остваруваат приходи од: стопанската дејност, давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози...), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности...за остварената добивка или загуба од работењето за 2012 година, имаат обврска најдоцна до 15-ти март 2013 година да ги поднесат обрасците “Б” и “ПДД-ДБ” до УЈП...
 
05.03.2013
Стратешки план на УЈП 2013-2015
Нашата мисија е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки...во периодот 2013-2015 ќе се фокусираме на понатамошен развој и надоградба на веќе воведените мерки и проширување на дел од стратешките цели со нови мерки преку чија имплементација ќе продолжиме да го зајакнуваме административниот капацитет и да ги подигнуваме квалитативните стандарди на работењето преку висок степен на компјутеризација на работните процеси, давање услуги кон даночните обврзници и со систематска и современа едукација на вработените...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија