Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.05.2009
Нов клиентски софтвер и обврска за исправка на пресметките на плата за самовработените лица

Се известуваат даночните обврзници – самовработени лица дека во Службен весник на РМ број 64/09 од 22.05.2009 година објавен е Закон за изменување и дополнување на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Измените кои што се однесуваат на самовработените лица се следните:

  1. Самовработеното лице само за себе е обврзник за пресметка и уплата на придонеси.
  2. Основица за пресметка на придонесите е месечната аконтација на нето приходот, односно на паушално утврдениот нето приход на кој се плаќа данок согласно Законот за персонален данок на доход, за самовработено лице.
  3. Најниска основица за пресметка на придонесите за самовработено лице кое што се занимава со економска дејност е утврдена на 50% од просечно исплатената плата по работник во Републиката објавена во месец јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
  4. За самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година неможе да биде пониска од просечната плата по работник во РМ објавена во месец јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
  5. Самовработено лице кое првпат отпочнува со дејност во првата календарска година плаќа придонеси на основица утврдена на 50% од просечно исплатената плата по работник во републиката објавена во месец јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.


Овие измени влегуваат во сила со денот на објавување во Службен весник, а се применуваат од 1 јануари 2009 година.

Согласно овие измени, поставен е нов клиентски софтвер (превземи го новиот софтвер тука) кој секое самовработено лице треба да го превземе и да го користи за поднесување на пресметките за плата МПИН. Новиот клиентски софтвер може да се подигне и во секоја даночна канцеларија на на Управата за јавни приходи.

Напомена: Измените во клиентскиот софтвер се однесуваат на самовработените лица и само тие треба да го превземат истиот!

Начинот на пополнување на МПИН образецот е ист како и до сега, односно се пополнува вид обврзник 111 или 112 и вид обврска 101 или 103. Самовработените лица кои за првпат отпочнуваат со дејност во МПИН образецот, во полето 3.17б (шифра за ослободување од плаќање на придонеси) наместо досегашната шифра „001„ треба да ја користат шифрата „060„.

Бидејќи измените на законот се применуваат ретроактивно од 1 јануари 2009 година, сите самовработени лица за изминатите месеци (јануари – април 2009 година) треба да поднесат исправка на веќе поднесените пресметки на социјални придонеси, односно МПИН образец со исправка - вид обврска 103. При тоа, како основица за пресметување на социјалните придонеси за изминатите месеци треба да ја применат месечната аконтација на нето-приходот, односно паушално утврдениот нето-приход, утврдена со решение на Управата за јавни приходи, на која плаќаат аконтација на персонален данок на доход на приходот за вршење на дејност. Ако вака утврдената основица за пресметување и плаќање на социјалните придонеси е пониска од најниската основица утврдена со измените на законот, тогаш во исправката на МПИН образецот треба да се примени најниската основица која изнесува 13.754 денари за самовработено лице кое што се занимава со економска дејност, односно 27.507 денари за самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга.

Со поднесувањето на исправка на пресметката на социјални придонеси за изминатите месеци, ќе се појави разлика – повеќе или помалку платени придонеси. За износот на помалку платени придонеси ќе биде издаден налог за плаќање образец ПП53, а износот на повеќе платените придонеси може автоматски да се прифати како платен износ за следните месеци (при поднесување на месечна пресметка за следните месеци) или да се изврши враќање на писмено поднесено барање до Управата за јавни приходи.

 

Превземете и инсталирајте го новиот клиентски софтвер:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија