Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
03.03.2010
Самостојни вршители на дејност - Пријавете добивка/загуба и годишен данок на доход

Најдоцна до 15 март 2010 година, даночните обврзници на персонален данок на доход за приходите од вршење на самостојна дејност:

  • Tрговци поединеци и
  • Граѓани кои остваруваат приходи од: занатечиска дејност, земјоделска дејност, самостојна дејност (приходите остварени од стопанската дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги) и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи,

за остварената добивка/загуба од работењето за 2009 година, имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Даночен биланс (образец “ПДД-ДБ”).
Заклучно со 2 март, својата обврска навреме ја исполниле 595 вршители на дејност, од очекуваните 13 илјади.

Доколку даночниот обврзник, покрај приходите од вршење на самостојна дејност во 2009 година, остварил и други приходи, има обврска да поднесе и Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).


Казни за задоцнето поднесување и неподнесување на даночни пријави

На даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават даночни пријави во законски предвидениот рок 15 март 2010 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.


Корисни информации

Преземете и пополнете ги даночните пријави:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија