Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
09.03.2010
Поднесување на даночни пријави и за време на викенд

Уште шест дена за пријавување на остварените приходи во УЈП. Крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава истекува на 15-ти март/понеделник.

Ги информираме граѓаните дека за време на претстојниот викенд/13-ти и 14-ти март, вклучувајќи го и последниот ден/15-ти март, сите шалтери на Управата за јавни приходи ќе работат од 08.30 до 16.30 часот за прием на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

Поднесување се врши и во Контакт Центарот на УЈП, лоциран во ГТЦ 2-ри кат (над кино Милениум), кој работи секој ден од 09.00 до 20.30 часот, а во недела/14-ти март ќе работи од 9 до 17 часот.
Во Контакт Центарот, својата даночна пријава можат да ја поднесат и граѓаните од другите градови во Македонија, кои моментално живеат и работат во Скопје.


Праќање на даночни пријави по пошта

Граѓаните имаат можност Годишната даночна пријава да ја поднесат и по пошта на адресата на Регионалната Дирекција на УЈП, на која и припаѓаат според местото на живеалиште наведено во нивната лична карта. За преглед на адресите кликнете тука


Информации на 0800 33 000

Јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 33 000 за да се информирате дали треба да поднесете Годишната даночна пријава, како да ја пополните и каде да ја поднесете.


Други корисни информации

Заклучно со 8 март, поднесени се 50.714 годишни даночни пријави од очекуваните 150 илјади.

Преземете ја и брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија