Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.12.2010
До 31 декември - Поднесување на Барање за паушално плаќање со персоналниот данок за земјоделците

Граѓанинот кој во 2010 година обавувал земјоделска дејност или истата ја вршел како дополнително занимање, персоналниот данок може да го плаќа според паушално утврден приход. Можноста за паушално оданочување е од посебна важност за земјоделците како даночни обврзници, кои поради карактерот на самата дејност во голем процент не се во можност да водат деловни книги.

Услов за паушално оданочување

Земјоделецот кој обавува земјоделска дејност или истата ја врши како дополнително занимање и остварил вкупен приход во 2010 година до 1.300.000 денари, данокот може да го плаќа според паушално утврден приход, само доколку до 31 декември 2010 година поднесе барање до Управата за јавни приходи.


Постапка за земјоделец кој претходно e регистриран за паушално оданочување

Граѓанинот кој веќе се регистрирал како земјоделец во УЈП и доколку ги исполнува условите за 2010 година, треба да поднесе само Барањето за паушално оданочување на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“) до даночната канцеларија на УЈП, најдоцна до 31 декември 2010 година.

Постапка за нерегистриран земјоделец

Граѓанинот кој воопшто не е регистриран како земјоделец во УЈП, заедно со Барањето “ПДД-ПЗ“ треба да достави и Пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“).

За приходи над 1,3 милиони денари – регистрирање на фирма

Доколку земјоделецот остварува над 1.300.000 денари вкупни приходи во тековната година, истиот треба да регистрира фирма, во една од формите на трговските друштва (пр: ДОО, ДООЕЛ, ТП и сл.)

Од каде да го преземете потребното барање и пријава?

Сите обрасци кои треба да ги доставите до УЈП се достапни преку интернет преку следните веб линкови:

Обрасците можете да ги побарате и во сите даночни канцеларии на УЈП.

Повеќе информации!

За подетално запознавање со начинот и условите за паушалното оданочување на земјоделците, ви препорачуваме да ја преземете брошурата „Паушално оданочување на приходи од земјоделска дејност”  или да се јавите во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија