Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
10.02.2011
Работилница: „Утврдување на ризици, методи и техники за контрола во градежната индустрија“


Управата за јавни прихода во организација и поддршка од Постојаниот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Џорџ Ајзалајн и Советникот од ММФ за надворешна контрола, Ричард Тид, во периодот од 31 јануари до 4 февруари 2011 година, реализира работилница на тема: „Утврдување на ризици, методи и техники за контрола во градежната индустрија“.

Модератори на работилницата беа Советникот на ММФ, Ричард Тид и Заменик раководителот на Генералниот даночен инспекторат и учесник на IOTA Ареа групата „Третман на специфични индустрии - Градежна индустрија“, Славица Кироска.


На работилницата учествуваа 12 инспектори од Дирекцијата за големи даночни обврзници и од останатите пет регионални дирекции на УЈП, на која преку практични примери и тест задачи се обработуваа следните теми:

  • Вовед во градежната индустрија
  • Сметководствени методи
  • Долгорочни договори
  • Техники на контрола
  • Шаблон за интервју за градежни работи и
  • Ревизорски работни листови

Целта на работилницата е имплементација на добрите практики и искуства на даночната администрии на САД и европските земји во делот на инспекцискиот надзор на градежништвото, како специфична индустриска гранка од даночен аспект.
Даночните инспектори на УЈП имаа можност да изработат 24 случаи, избрани со користење на утврдените филтри за ризик и анализа на ризиците преку програмот “Алатки за контрола“ на УЈП, кој обезбедува тригодишни споредбени анализи на сите податоци од финансиските извештаи и пријави доставени од даночните обврзници, како и тригодишните споредбени анализи на финансиските индикатори.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија