Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
16.02.2012
Од денес - Поднесување на Годишна даночна пријава и преку интернет


Граѓаните од денес Годишната даночна пријава можат да ја поднесат и преку интернет http://etax.ujp.gov.mk/
Се што ви е потребно за да ги користите електронските даночни услуги е да поседувате интернет врска, е-пошта и дигитален сертификат на токен (издаден од овластена куќа).
Токенот е неопходен и се користи за регистрација на системот е-Даноци, како и за електронско потпишување на даночните пријави.
Овластени куќи за издавање на дигитален сертификат се Македонски Телеком и КИБС.


Ако веќе поседувате токен?

  • Граѓанинот кој поседува токен за користење на електронски услуги на други институции, на пр. Агенција за вработување, Царинска управа, Централен регистар истиот може да го користи и за е-Даноци.
  • Токените што ги даваат банките на своите клиенти за целите на е-банкарство, исто така, можат да се користат и за е-Даноци само доколку се издадени од овластените куќи - Македонски Телеком и КИБС.
  • Дигиталниот сертификат издаден на правно лице на име на управителот (овластено лице) може да се употребува и за „е-Даноци за физички лица“, односно управителот својата Годишна даночна пријава може да ја поднесе со користење на истиот токен.
  • Системот е-Даноци дава можност да овластите друго физичко лице да поднесува даночни пријави во ваше име, но и тоа лице треба да поседува дигитален сертификат.

До поднесување на Годишната даночна пријава ве делат 2 чекора.
Регистрацијата за е-даноци за физички лица се врши директно на веб порталот http://etax.ujp.gov.mk/ со пополнување на личните податоци и потпишување со дигиталниот сертификат-токен.
Предноста на е-Даноци е што е едноставен, сите фази и чекори се прилагодени за корисниците и најважно не треба да доаѓате во УЈП. Дури и ако ја поднесете вашата пријава во 23.59 часот на 15 март 2012 година, значи дека вие навремено сте ги пријавиле приходите во УЈП.


Кој има обврска да поднесе Годишна даночна пријава?

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15 март 2012 година. Задолжително поднесете Годишна даночна пријава доколку во текот на изминатата 2011 година:

  • сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот;
  • сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице;
  • сте оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, од учество на капитал и недвижен имот;
  • сте оствариле добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри ...;
  • имате лични примања од странство;
  • работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатско, односно конзуларно претставништво на странска држава во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништво кое ужива дипломатски имунитет и сами го утврдувате и уплатувате данокот;
  • остварувате други приходи.

Не заборавајте! Доколку во 2011 година сте оствариле само приходи од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност немате обврска да поднесете Годишна даночна пријава.


Корисни информации

Преземете ги видеата во кои практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“), како и постапката за регистрација и користење на системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk/.

Исто така, ви препорачуваме да ја преземете брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ во која подетално е објаснето Зошто?Кој?Кога?Каде? и Како? треба да ги пријави приходите во УЈП.

 

Инфо центар 0800 33 000
e-пошта:
info@ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија