Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.03.2012
Вршители на дејност - Истекува рокот за пријавување на добивка/загуба

Остануваат уште неколку дена до истекот на рокот/15 март, до кога самостојните вршители на дејност имаат обврска да пријават добивка/загуба за 2011 година и да поднесат Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Годишен даночен биланс за персоналeн данок на доход (образец “ПДД-ДБ”):

  1. Трговец-поединци
  2. Граѓанин кој остварува приходи од:
    - стопанската дејност (фризери, бербери, златари, такси превозници...)
    - давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати...)
    - занаетчиска дејност
    - земјоделска дејност
    - други дејности чија трајна цел е остварување на приходи

Обрасците преземете ги преку веб страницата на УЈП (кликни тука) и доставете ги до даночните канцеларии, од 08.30 до 20.00 часот.
Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци, поднесете ги билансите електронски преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk/

Ако покрај приходите од вршење на самостојна дејност, во изминатата 2011 година сте оствариле и други дополнителни приходи, имате обврска да поднесете и Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).


Казни за задоцнето поднесување и неподнесување на даночни пријави

На даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават даночни пријави до 15 март 2012 година, ќе им биде изречена глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.


Повеќе информации

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија