Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.12.2012
Истекува рокот за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат на системот е-Даноци

Сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари 2013 година, имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84/2012).

Заради навремено усогласување со новите законски обврски, обврзниците задолжително треба да се регистрираат на новиот систем на https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 31 декември 2012 година, во спротивно нема да можат да ги користат електронските услуги на УЈП и навремено да пријават данок.

Обезбедете „дигитален сертификат на USB токен“ од овластена куќа

Покрај познатите предуслуви (Интернет и е-Пошта), задолжителен предуслов за да можете да ги користите е-Даноци од 1 јануари 2013 година е да поседувате Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС). Доколку веќе поседувате токен за користење на електронските услуги на некои други институции и банки во Македонија, истиот можете да го употребувате и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа. Дигиталниот сертификат на USB токен е неопходен за електронско потпишување на формуларите кои ќе ги поднесувате преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

УЈП апелира фирмите да не го чекаат последниот рок. Прилагодете се навреме и користете ги придобивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП.

Даночната администрација ги има ангажирано сите човечки ресурси и свои капацитети, се со цел обврзниците да можат навремено да одговорат на новите законски обврски.
За сите дополнителни информации и техничка поддршка, даночните обврзници можат да се обратат во Инфо центарот на 0800 33 000, секој ден (освен недела) од 9 до 20 часот или на е-пошта: info@ujp.gov.mk
Еднодневните советувања на тема е-Даноци ќе се спроведуваат и во месец Декември (види Распоред на обуки).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија