Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.12.2012
До 31 Декември - Истекува рокот за поднесување на барање за паушално оданочување со персонален данок

САМОСТОЈНИ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ

Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2013 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход.

Барањето поднесете го до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност (СВД)

За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2013 година, покрај тоа што треба да поднесете Барањето (“ПДД-П“) најдоцна до 31 декември 2012 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:

  • да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);
  • да не вработувате други лица;
  • во дејноста да не вложуваат и други лица; и
  • да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.


ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2012 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално.
Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање.
Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и ви овозможува да го плаќате персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги.

Што треба да направите за паушално да го плаќате данокот на приходите од земјоделска дејност?

Доколку не сте регистрирани во УЈП како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, најдоцна до 31 декември 2012 година до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ поднесете:

  1. Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“)
  2. Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“)

Ако веќе сте регистрирани во УЈП како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија