Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.12.2012
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Ве информираме дека врз основа на член 31 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“,бр.142/08...150/12), стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за јануари 2013 година, не се променети во однос на 2012 година, односно: 

 Вид на придонес  Стапка
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување  18%
Задолжително здравствено осигурување  7,3%
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%
Вид на придонес за пензиското и инвалидското осигурување
за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење
Стапка
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3,00%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,50%


Даночно ослободување

Почнувајќи со исплатата на платата за јануари 2013 година, ќе се применува даночно ослободување во износ од 7.269 денари месечно, односно на годишно ниво за 2013 година во износ од 87.228 денари (види и лично ослободување).

Највисока основица

При поднесување на пресметки за интегрирана наплата во 2013 година, кои се однесуваат на дел за работна успешност на работодавачот од 2012 година, највисоката основица за пресметка и уплата на социјални придонеси ќе се пресметува и уплатува на износот на ШЕСТ просечни месечни плати.

Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за Јануари 2013 година, задолжително преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (образец МПИН) преку веб страницата на УЈП (кликни тука).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување на пресметки за плата за 2009, 2010, 2011 и 2012 година

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2009, 2010, 2011 и 2012 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија